Синергија е нов Гешталт Институт кој нуди гешталт тренинг по европски стандарди и стекнување со европска лиценца од областа на психотерапијата. Тимот се состои од ентузијастични професионалци со спремност своето знаење да го пренесат на новите генерации Гешталт терапевти и советници. Станувањето психотерапевт или советник е многу повеќе од стекнување професионални и академски вештини, затоа нашата цел е да понудиме квалитетен и креативен тренинг преку кој ќе се здобиете со практични вештини, зголемена свесност, прифаќање на себе си, способност да им помагате на другите, зголемена способноста за поврзување со другите, исполнување на вашите интереси и професионални цели. Тренингот во нашиот институт е уникатно патување низ сопствениот раст и развој, исполнет со многу предизвици и креативни адаптации.