Гешталт терапевтот има на располагање широк спектар на активни интервенции и може да користи било која техника или метод се додека тие се:  насочени кон зголемување на свесноста која  произлегува од дијалогот и перцепцијата на терапевтот за она што се случува со клиенто во непосредната тераписка сесија во рамки на параметрите на етичката пракса.

Вежби и експерименти во Гешталт терапијата

Многу терапевтски интервенции наречени вежби и експерименти се развиени за да се зголеми свесноста и да се случи промена кај клиентот. Вежбите се дефинирани како готови техники кои понекогаш се користат за да се евоцираат одредени емоции  кај клиентот. Експериментите, од друга страна, изникнуваат од непосредната интеракција (дијалогот) помеѓу клиентот и терапевтот.

Тие се спонтани, единствени и соодветни на конкретниот момент и изникнувањето на нови теми на база на информациите добиени од  клиентот за неговата потреба, сон, фантазија и свесност за телото. Експериментите се направи со целосна вклученост и соработка со клиентите и се дизајнирани повеќе за да се прошири нивната свесност и да им се помогне да испробаат нови начини на однесување, отколку да се постигне конкретен резултат. Овие експерименти може да имаат различни форми. Некои од нив се: “замислување на застрашувачки настан во иднината; воспоставување на дијалог помеѓу клиентот и некоја значајна личност во неговиот/нејзиниот живот; одигрување на меморијата за болниот настан; ослободување на особено длабоко ранливо искуство во сегашноста; претпоставка на идентитетот на неговата/нејзината мајка или татко преку играње на улоги; фокусирање на гестови, држење и други невербални знаци на внатрешната експресија; правење на дијалог помеѓу два спротивставени аспекти во рамките на личноста”

Додека се вклучени во експериментите, клиентите всушност ги доживуваат чувствата поврзани со нивните конфликти или прашања во овде и сега. Експериментите се прилагодени на секој поединечен клиент и се користат навремено; тие треба да се прават во контекст којшто нуди сигурност и поддршка, додека го охрабруваме клиентот да ризикува во испробување на ново однесување.

Гешталт терапевтите се вели дека се потпираат на спонтаност, иновативност, насоченост кон сега и овдеи има голем број на можни терапевтски интеракции што водат кон вежби и експерименти, кои се потенцијално во бесконечен број, но може да се категоризираат на следниов начин:

КОРИСТЕЊЕ НА ИЗЈАВИ И ПРАШАЊА ЗА  СВЕСНОСТ

Многу интервенции вклучуваат едноставно поставување на прашање “за што е свесен клиентот дека доживува;” или поставување директни прашања како: “Што чувствуваш?” “Што мислиш?” Може да му се даде инструкција на клиентот да ја започне реченицата со “Сега, јас сум свесен …” или се бара да се повтори некое однесување, како на пример, “Те молам вкрсти ги повторно твоите раце.” Честа техника е да се следат свесностите на клиентот со инструкција, “Остани со тоа!” или “Почувствувај го!”

ВЕРБАЛНОТО ОДНЕСУВАЊЕ НА КЛИЕНТОТ

Свесноста може да биде зголемена и да се нагласи преку вербалното однесување или јазикот на клиентот со оглед на тоа дека моделите на говорење на клиентите се смета дека се израз на нивните чувства, мисли и ставови. Некои аспекти на јазикот што може да укажуваат на избегнување на силни емоции од страна на клиентот или на само-одговорност се личните заменки, како што се “тоа” и “ти.” Клиентите се обучуваат да ја користат, кога е тоа соодветно, личната заменка “јас” на местото на другите заменки за да се претпостави чувство на одговорност за неговите или нејзините чувства или мисли (сопственост). Понекогаш на клиентите може да им се побара да ги променат нивните прашања во директни изјави со цел да ја преземат одговорноста за она што го велат. Други примери на помагање на клиентите да бидат повеќе во контрола при користење на јазикот е  да ги изоставаат квалификациите и условите како што се “можеби” или “претпоставувам” од нивните јазични модели. Ова ги менува амбивалентните и крајно слаби изјави во појасни и директни изјави; Да се замени “Не можам” со “Јас нема да”, бидејќи често “Не можам” дава чувство дека не сме во можност да направиме нешто. Може ќе биде поточно да се каже “Јас нема да” во смисла “Јас одбирам да не го направам ова заради било која причина”, или употреба на зборот “сакам”, наместо на “треба” којшто се смета за показател на итност и анксиозност и е помалку прецизен. Други промени може да се прават во насока да се промени “треба” и “треба да” со “Избирам да” или “сакам да” зголемувајќи ја моќта и контролата на клиентот за сопствениот живот.

ВНИМАНИЕ НА ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО

Свесноста, исто така може да биде зголемена со фокусирање на невербалното однесување и може да ја вклучува било која техника што им овозможува на клиентите да бидат повеќе свесни за тоа како функционира нивното тело или им помага да станат посвесни за тоа како да ги користат нивните тела како поддршка на возбудата, свесноста и контактот. Делови од телото кои терапевтите може да ги вклучат се устата, вилицата, гласот, очите, носот, вратот, рамената, рацете, дланките, торзото, нозете, стапалата и целото тело.

Говорот на телото се смета за суптилен индикатор на интензивни емоции.  Движењата, позите и гестовите може да комуницираат со околината и да имаат важни  значења.  Кога говорот на телото се забележува во текот на сесиите, многу пати терапевтот бара од клиентот да го нагласи/зголеми тоа движење или тик. Со ова се  интензивира чувството што е поврзано со тоа однесување и се разјаснува внатрешното значење . На пример, стиснати тупаници, муртење, гримаси, скрстени раце или тресење на рацете може да бидат нагласени во терапијата

ДИЈАЛОГ

Гешталт терапевтот работи ангажирајќи се во дијалог; контактот со клиентот е отворен, но грижлив, топол и прифаќачки . Автентичноста и искреноста помеѓу двете страни е од клучно значење. Дијалогот се живее: тоа е нешто “што се прави, наместо да се зборува” (Yontef). Терапевтот и клиентот имаат хоризонтален дијалог  во кој се среќаваат како две човечки битија , каде терапевтот ја поседува свесноста за тоа што се случува , но клиентот е тој кој го учи терапевтот за себе. Тие имаат рамноправна позиција во дијалогот. Учат еден од друг.

СЕЛФ-ДИЈАЛОГ

Селф-дијалогот на клиентите е интервенција што се користи од страна на Гешталт терапевтите за да им овозможи на клиентите да стапат во контакт со чувствата за кои можеби не се свесни и согласно тоа да се зголеми интеграцијата на различните делови на клиентот кои не се совпаѓаат или се во конфликт. Примери на некои општи конфликти вклучуваат “внатрешниот родител наспроти внатрешното дете, “одговорниот наспроти импулсивниот”, “моралната наспроти сексуалната страна”, “добрата страна наспроти лошата страна, “агресивниот self наспроти пасивниот self” , “автономната страна наспроти лутата страна”, “тешкиот работник наспроти мрзливиот”. На клиентот му се помага во прифаќањето и учењето како да живее со неговите или нејзините поларитети и без да се ослободи од некој дел или особина.

Клиентот влегува во авто-дијалог преку користење на  техниката што се нарекува “празна столица”. Се користат две столчиња, од клиентот се бара да влезе во една улога (на пример, внатрешниот родител) на едената столица, а потоа да ја одигра другата улога (на пример, внатрешното дете) претставено на втората столица. Како што клиентот ги менува улогите и продолжува дијалогот помеѓу двете страни на клиентот, тој/таа се движи назад и напред помеѓу двете столчиња.  Други примери на ситуации во кои може да се користат дијалози се “еден дел од телото наспроти друг (една рака наспроти друга), помеѓу клиентот и друго лице, или помеѓу себе си и некој објект.

ПРАЗЕН СТОЛ

Една вежба која што се користи во Гешталт терапијата вклучува употреба на две столчиња од страна на клиентот, за играње на улоги. Терапевтот бара од клиентот да седне на една столица и да одигра еден “дел” од неговиот или нејзиниот проблем, а потоа да се префрли на друг стол за да ја одигра улогата на “другиот” дел, со цел подлабоко да се разбере борбата. Со методот на празен стол, клиентите можат да лоцираат чувство или дел од нив самите коешто тие претходно го негирале. Наместо само да се зборува за конфликтното чувство, клиентите се во можност да го интензивираат чувството и да го доживеат целосно. Целта на оваа техника е прифаќање на поларитетот и признавање на конфликтите кои постојат во сите нас.

 

ОДИГРУВАЊЕ И ДРАМАТИЗАЦИЈА

Одигрувањето ја зголемува свесноста преку драматизирање на некој дел од постоењето на клиентот, барајќи од него да ги стави неговите или нејзините чувства и мисли во акција, со следната инструкција “Кажи му на тоа лице”, или играње на улоги преку користење на техника на празно столче. Нагласување е форма на одигрување во кое клиентите се обучуваат да нагласат, појачаат чувство, мисла или движење со цел да се обезбеди поголем интензитет на чувствата. Одигрувањето може да биде терапевтски и да доведе до креативност.

ВОДЕНА ФАНТАЗИЈА

Водена фантазија (визуелизација) е техника со која што некои клиенти се во можност да ја користат поефикасно отколку одигрување каде што треба да се донесе искуството во овде и сега. Од клиентите се бара да ги затворат очите (ако се чувствуваат комотно) и под водство на терапевтот, полека замислуваат сцена од минатото или некој иден настан. Се повеќе и повеќе детали се користат за да се опише настанот со сите сетила и мисли.

СВЕСНОСТ ЗА СЕБЕ И ДРУГИТЕ

Гешталт терапевтот може да му понуди  на клиентот да “биде” друго лице, барајќи од клиентот да “влезе во улога” на другото лице преку текст, емоции, телесен став. На овој начин клиентот ја зголемува свесноста за другото лице и за себе, без да се заглавува во претпоставки и интерпретации. 

ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ОДНЕСУВАЊА

Свесноста за  реинтеграцијата на избегнувачките однесување на клиентот се потпомогнати со интервенции кои се користат за зголемување и подобрување на свесноста за сопствените чувства, мисли и однесувања.

КОНФРОНТАЦИЈА

Конфронтација е дел од односот на клиент-терапевт во рамките на Гешталт терапијата.  Иако терминот звучи застрашувачки, конфронтацијата не е напад. Таа може да биде покана за клиентите да го испитаат сопственото однесување, ставови и мисли и за да се забележи недоследност помеѓу нивните вербални и невербални изразувања . Користењето на оваа техника може да биде можност за клиентите да дознаат повеќе за себе.

КРЕАТИВНОСТ

Во контактот со клиентот  креативните ангажирања како пишување, цртање, сликање,пеење, танцување  итн  може да се употребат како терапија. Терапевтот  со својата вештина и лична креативност се упатува кон  “третирање на целото” на клиентот.  Темите кои доаѓаат во текот на овие креативни  изразувања се доживуваат во овде и сега. Креативниот процес  е можност за раст. Тоа е процес на решавање на проблемите. Уметноста и креативноста се можности за развој на нови концепти надвор од она што би се осмелиле да го направат клиентите.

НЕЗАВРШЕНИ РАБОТИ

Кога фигурите се појавуваат од позадината, но не се завршени или разрешени, Гешталт терапевтите се сомневаат дека личноста има незавршена работа. Ова во суштина се непризнаени или неискажани чувства. Тие може да се манифестираат како болка, страв, вина, лутина, напуштање и мноштво на други емоции. Бидејќи клиентот не го признава во целост она што тој или таа го доживеал, незавршената работа се задржува во позадина и го спречува клиентот да биде целосно само-свесен. Гешталтистите тврдат дека многу пати, кога едно лице има незавршена работа, неизразените чувства резултираат со некоја физичка манифестација- нервни тикови или гестикулации.

Терапевтот има задача да го води клиентот низ оваа незавршена работа во овде и сега. Без фрустрирање или спасување на клиентот, терапевтот може да претстави ситуации кои предизвикуваат слични емоции и потоа ја води личноста низ нив.

РАБОТА НА СОН

Работата на сон е мошне важна во Гешталт терапијата. Целта е да се “оживеат соништата и да се доживеат како да се случуваат сега.” Работата со соништа на клиентите бара да се направи листа со сите детали на сонот, сеќавање на секоја личност, настан и расположението во сонот, а потоа да се влезе во секој од овие делови преку играње на улоги и измислување дијалог. Секој дел од сонот се смета дека ги претставува контрадикторните и неконзистентни страни на клиентот. Дијалог помеѓу овие спротивставени страни ги води клиентите кон постепен увид во опсегот на нивните чувства и важни теми во нивните животи. Секој дел се претпоставува дека е проекција на self-от; клиентот  ги создава  сценаријата за средба помеѓу ликовите или деловите . Со оглед на тоа дека клиентите може да изведат конфликт помеѓу спротивставените страни, на крајот тие можат да ги прифатат нивните внатрешни разлики . Гешталтистите веруваат дека соништата се спонтани експресии на self-от, дека тие ги претставуваат недовршените ситуации и содржат егзистенцијални пораки околу лични внатрешни борби.

ДОМАШНА ЗАДАЧА

Домашните задачи помеѓу терапевтските сесии може да вклучат барање од клиентите да напишат дијалози помеѓу делови од самите нив или помеѓу делови од нивните тела, собирање на информации или пак извршуваат други задачи кои се однесуваат и се вклопуваат со она што се случува во процесот на терапија. Домашната работа може да стане се потешка како што се развива свесноста.

врати се назад