Category: Новитети и Настани

Настан во Гешталт Институт Синергија

Информација за работилница од областа на Релациона телесна психотерапија

Почитувани,

Би сакале да ве поканиме и да ве известиме дека Г-ѓа Џулијана Апел-Опер (Julianne Appel – Opper) основачот на Релационата телесна психотерапија ќе одржи работилница во Скопје недела (8ми Мај ) (10-19.30часот) и понеделник (9ти Мај) од (17-20.30 часот). Џулијана Апел-Опер (Julianne Appel-Opper) е кличнички психолог, психотерапевт, Интегративен и Гешталт психотерапевт, супервизор, и интернационален тренер. Поседува 25 годишно клиничко исксутво вклучувајќи работа со психосоматски нарушувања во клинички услови. Последниве 12 години живее и работи во различни земји, во моментов води приватна пракса во Берлин. Таа е визитинг едукатор на неколку психотераписки тренинг институти во светот. Џулијана ја разви „Релационата телесна психотерапија“ која е изучувана интернационално. Публикувани дела за овој пристап постојат во British Gestalt Journal, USA Body Psychotherapy Journal, the British Journal of Psychotherapy Integration, како и учество во подготовката на книги за Релационата телесна психотерапија. Young, C. (Ed.) (2012) и најново „Кога повредата останува: релациона перспектива на терапевтскиот неуспех“. Rolef Ben-Shahar, A. & Shalit, R. (Eds.) (2016) London, Karnac. Релационата телесна психотерапија има свои корени во Дијалошката Гешталт Психотерапија. Таа се фокусира на две тела кои се во релација и кои взаемно се регулираат. Начинот на кој и клиентот и терапевтот гледаат, седат, се движат, дишат, испраќа пораки во двете насоки. Врз основа на нејзиното искуство како психотерапевт и тренер, Џулијана сака да покаже како оваа богата и често пати незабележлива тело-со- тело комуникација може да се донесе во свесноста. Сопствената телесна насоченост на терапевтот кон говорот на телото на клиентот, покрај свесноста на сопствените физички резонанци, отвора можности за взаемни интервенции и експерименти. Оваа работилница ќе ви даде можност за истражување и откривање, како овие интервенции и експерименти се развиени, вербално изразени и потоа свесно поврзани со телото на клиентот (без допирање). Работилницата нуди сигурен простор за вежби, искуствени процеси, супервизија и демонстрација, презентација на теориски концепт и групна работа во мала група. Учесниците ќе добијат материјали со значајни теориски концепти (30 страници) и сертификат за учество. Работилницата е наменета за психолози, психотерапевти, студенти во едукација по психотерапија, советувачи. Бројот на учесници е ограничен.

Контакт лице за информации:

Каролина Костадиноска –клинички психолог, Гешталт терапевт и тренер

тел. 070 39 39 02

Гешталт Институт „Синергија“

Затворено предавање на тема „Гешталт во социјалниот контекст“ (само за едукантите на Гешталт Институт Синергија)

Предавач: Petros Theodorou, Грција
Дата: 28-29 Ноември 2015

Кратка содржина:

  • психологијата во политика и како психата станува исполитизирана
  • социјалната основа на психотерапијата
  • прашањето на идентитетот на терапевтот и клиентот во исполитизираното поле
  • како аспектите на социјалното поле се рефлектираат на помалите елементи од нашето егзистирање (семејство, пријатели, асоцијации, едукативни институции)
  • работа на колективната социјална траума во општеството

Презентација на Гешталт Институт “Синергија”

Гешталт Институт “Синергија” се претстави со работилница во рамките на студентско-едукативна дружба “Психеско “, водачи на работилницата:  тренери Каролина Костадиноска и Ана Попризова

31 Октомври

Институт по психологија, УКИМ    работилница на Институт СинергијаРаботилница на Институт Синергија (2)Работилница на Институт Синергија (3)Работилница на Институт Синергија (4)