Author: sinergija

Настан во Гешталт Институт Синергија

Информација за работилница од областа на Релациона телесна психотерапија

Почитувани,

Би сакале да ве поканиме и да ве известиме дека Г-ѓа Џулијана Апел-Опер (Julianne Appel – Opper) основачот на Релационата телесна психотерапија ќе одржи работилница во Скопје недела (8ми Мај ) (10-19.30часот) и понеделник (9ти Мај) од (17-20.30 часот). Џулијана Апел-Опер (Julianne Appel-Opper) е кличнички психолог, психотерапевт, Интегративен и Гешталт психотерапевт, супервизор, и интернационален тренер. Поседува 25 годишно клиничко исксутво вклучувајќи работа со психосоматски нарушувања во клинички услови. Последниве 12 години живее и работи во различни земји, во моментов води приватна пракса во Берлин. Таа е визитинг едукатор на неколку психотераписки тренинг институти во светот. Џулијана ја разви „Релационата телесна психотерапија“ која е изучувана интернационално. Публикувани дела за овој пристап постојат во British Gestalt Journal, USA Body Psychotherapy Journal, the British Journal of Psychotherapy Integration, како и учество во подготовката на книги за Релационата телесна психотерапија. Young, C. (Ed.) (2012) и најново „Кога повредата останува: релациона перспектива на терапевтскиот неуспех“. Rolef Ben-Shahar, A. & Shalit, R. (Eds.) (2016) London, Karnac. Релационата телесна психотерапија има свои корени во Дијалошката Гешталт Психотерапија. Таа се фокусира на две тела кои се во релација и кои взаемно се регулираат. Начинот на кој и клиентот и терапевтот гледаат, седат, се движат, дишат, испраќа пораки во двете насоки. Врз основа на нејзиното искуство како психотерапевт и тренер, Џулијана сака да покаже како оваа богата и често пати незабележлива тело-со- тело комуникација може да се донесе во свесноста. Сопствената телесна насоченост на терапевтот кон говорот на телото на клиентот, покрај свесноста на сопствените физички резонанци, отвора можности за взаемни интервенции и експерименти. Оваа работилница ќе ви даде можност за истражување и откривање, како овие интервенции и експерименти се развиени, вербално изразени и потоа свесно поврзани со телото на клиентот (без допирање). Работилницата нуди сигурен простор за вежби, искуствени процеси, супервизија и демонстрација, презентација на теориски концепт и групна работа во мала група. Учесниците ќе добијат материјали со значајни теориски концепти (30 страници) и сертификат за учество. Работилницата е наменета за психолози, психотерапевти, студенти во едукација по психотерапија, советувачи. Бројот на учесници е ограничен.

Контакт лице за информации:

Каролина Костадиноска –клинички психолог, Гешталт терапевт и тренер

тел. 070 39 39 02

Гешталт Институт „Синергија“

Затворено предавање на тема „Гешталт во социјалниот контекст“ (само за едукантите на Гешталт Институт Синергија)

Предавач: Petros Theodorou, Грција
Дата: 28-29 Ноември 2015

Кратка содржина:

  • психологијата во политика и како психата станува исполитизирана
  • социјалната основа на психотерапијата
  • прашањето на идентитетот на терапевтот и клиентот во исполитизираното поле
  • како аспектите на социјалното поле се рефлектираат на помалите елементи од нашето егзистирање (семејство, пријатели, асоцијации, едукативни институции)
  • работа на колективната социјална траума во општеството

Презентација на Гешталт Институт “Синергија”

Гешталт Институт “Синергија” се претстави со работилница во рамките на студентско-едукативна дружба “Психеско “, водачи на работилницата:  тренери Каролина Костадиноска и Ана Попризова

31 Октомври

Институт по психологија, УКИМ    работилница на Институт СинергијаРаботилница на Институт Синергија (2)Работилница на Институт Синергија (3)Работилница на Институт Синергија (4)

Што се случува сега?

Се приклучивте  на web страната на Гешталт Институтот Синергијa

male-female-paperchain

Нашата мисија е да создадеме  професионален кадар на идни Гешталт  терапевти и советници со потенцијал да креираат здрави и свесни поединци во нашето општество

Нашата визија е ЗДРАВО И КРЕАТИВНО  ОПШТЕСТВО КОЕ РАСТЕ со одговорни и самосвесни членови во него

За да се случи емоционален и ментален  раст и развој на индивидуално и колективно ниво, НИЕ го одбравме Гешталтот како алатка и му веруваме на процесот, ние одбравме да растеме!